Американскиот државен секретар Марко Рубио денес телефонски разговараше со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за понатамошната американско-француска соработка во дипломатските напори за завршување на војната во Украина.

Тие ја нагласија потребата од договорено решение кое вклучува мерки за траен мир, соопшти Стејт департментот.

„Рубио го повтори силното противење на Соединетите Американски Држави на какво било еднострано признавање на палестинска држава, велејќи дека таков потег би го наградил Хамас за нападот од 7 октомври и би ги комплицирал преговорите за ослободување на заложниците“, се вели во соопштението.