ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов, информираше вечерва Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пратеничката Бети Стаменковска Трајковска кандидат за градоначалник на Кисела Вода

-Мирослав Славковски кандидат за градоначалник на општина Старо Нагоричане

-Илија Тентов кандидат за градоначалник на општина Дојран

-Сашко Велјановски кандидат за градоначалник на за општина Долнени

-Даниел Павловски кандидат за градоначалник на општина Ранковце

За општина Кочани ќе се обединиме околу натпартискиот кандидат Др. Влатко Грозданов. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе настапува подготвено како никогаш досега, истакна Марија Митева.

Сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се избрани во транспарентен процес, секој еден од нив е чесен, познат, почитуван од средината од која доаѓа и во која живее.

Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ убедливо водеа на сите внатрепартиски анкети и анализи.

Сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се посветени личности, подготвени да ги застапуваат интересите на секој жител, во секое населено место.

Тие се луѓе кои имаат енергија и решителност да работат за подобро утре на граѓаните, сите се посветени и дополнително ќе бидат ангажирани за развој на општините и државата воопшто.

Сите тие ќе работат во насока на стабилни и силни општини, а воедно и за стабилна и силна држава.

ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека работи за доброто на секој граѓанин, на секое населено место и на државата воопшто.

Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат визијата на ВМРО-ДПМНЕ, да изградиме подобра и поквалитетна иднина за сите!, изјави вечерва Митева.