Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт, истакна на денешната прес-конференција членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски од која објавуваме интегрален текст:
Во програмата насловена како „Можеме’’ за парламентарните избори во 2020 година, СДС, Заев и Шукова ветија итна ремидијација на Вардариште.
На страна 228, од истоимената програма СДС, Заев и Шукова, ветуваа цитирам „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја.’’, а подолу во програмата на истата страна се вели и дека проектот е со финансиско портфолио од 42 милиони евра.
Дали СДС, Заев и Шукова знаат дека имаат ветено повторно доведување во природна состојба на дивата депонија Вардариште и прашуваме зошто овој проект не бил реализиран изминатите 4 години кога беа тие на власт?
Зошто Шукова, како државен секретар и министер во Министерството за животна средина и просторно планирање, не го спровела овој проект за кој како што тие барем велат во програмата имаа обезбедено и финансиски средства?
Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште, а сега Шукова како кандидат за градоначалник од редовите на СДС за Град Скопје, повторно го ветува истото?
СДС, Заев и Шукова, се луѓе на кои народот не им верува и на минатите избори тоа јасно го кажа. Истото ќе се потврди и на овие локални избори на 19 октомври.
ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски со јасна визија, план и цел, ќе го решат овој проблем за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, а тоа е почиста животна средина, почист воздух и намалување на бројот на дивите депонии.“