Специјалниот пратеник на САД, Кит Келог е во работната посета на Киев, објавија украинските медиуми повикувајќи се на неименуван извор.

– Можам да ја потврдам информацијата дека специјалниот пратеник на претседателот на САД, Кит Келог е во Украина, во Киев, на работна посета, изјави неименуван владин претставник.

Во посета на Украина денеска е и претседателот на Финска, Александар Стуб и неговата сопруга.