Владимир ПАНЧЕВСКИ, екс претседател на Основниот кривичен суд во Скопје
Пред некој ден подготвувајки некои стручни материјали барав пракса на Кривичниот суд од поново време од судскиот портал, а со тоа и пракса на постапување на обвинителството на Коцевски и на Гаврил Бубевски во однос на примената на Кривичниот законик. Тоа што го видов јас веќе 30 години практичар морам да кажам бев сериозно непријатно изненаден и со заклучоков Ковачки е потполно во право на клоци треба да се издигаат
сите што правораздаваат воопшто низ Македонија бидејки веќе имаат 0% доверба.
На судскиот портал пронаоѓам анонимизирана пресуда каде лице кај кое е пронајдена голема количина незаконски држено оружје е ослободено од обвинение ни помалку ни повеќе поради откажување на ОЈО Скопје! Образложението е фантастично имало усна наредба од судот до МВР за претрес и одземање на оружјето но обвинителот не ја покрил со писмена па претресот бил незаконит констатира судот и го ослободува лицето поради повлекување на обвинение од ОЈО Скопје. Но со судската одлука истото оружје иако незаконито обезбедено судот го одзема во пресудата.
Обвинетиот слободен како птица веројатно добро ја искеширал ваквата одлука, оружјето одземено и волкот сит и овците на број – сите среќни и весели! Сивелат “народот е глуп, не разбира”. Судијата и обвинителот веројатно среќни со ќешот! Важно и нивните имиња се анонимизирани во пресудата ама бројот го има стручната јавност нека истражува!
Постапка за одговорност нормално нема за обвинителот или за полициските службеници кои заборавиле да ја покријат усната наредба со писмена бидејки во правосудното дувло не се гонат меѓу себе (можеби во договор судијата и обвинителот и ја уништиле за да ја нема и да си завршат работа) од докази направиле да е без докази слично како предметот Поткуп едно евро за Виц’то на Валентина Бислимовска кога направи снимките од поткупот да бидат незаконити за да го ослободи Зоран Заев на очиглед на целата македонска јавност.
Писаниево е во чест на мојот пријател и соборец од кавадаречко Миле Трајков поранешен началник на СВР Кавадарци кој целиот свој работен век го помина во МВР во одбрана на Македонија, патриот и дел од поранешната единица
Лавови, ценет и почитуван и корисен член на нашето општество кој наместен лежи во затвор по пресуда на корумпираниот судија Лазар Нанев за исто кривично дело – заради нераздолжен пиштол непосредно по неговото пензионирање од МВР поради сплет животни на околности. ж