Четири лица се здобиле со повреди при вчерашниот пожар во Трубарево.

Тие се сместени на скопската клиника за Токсикологија.

Министерот за здравство Азир Алиу ги посети, а деталите ќе ги открие на прес-конференција која е најавена за во 13 часот.

Информацијата дека четири лица се хоспитализирани на Токсикологија ја откри владината портпаролка Марија Митева.