На платформата ТикТок објавена е снимка под профилот leprocope123, на којашто, како што се тврди во описот, може да се добие увид како припадници на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) наводно изнудувале пари од луѓе преку измислени кривични истраги, објави Курир.
Аферата со прислушкување веќе неколку недели ја треси АНБ, каде што одреден број на луѓе од нивни лукративни причини, следеле и прислушкувале голем број на новинари, активисти, како и актуелниот премиер Христијан МИцкоски, кој во тоа време беше лидер на ВМРО-ДПМНЕ.