Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари, истакна на денешната прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, од која објавуваме интегрален текст:
Глумците Апасиев и Мециновиќ кои се претставуваат за скромни и чесни луѓе пред граѓаните, се само обични лицемери и луѓе кои свртеле милионски суми во своите џебови од сопствената партија.
Лицемерието во Левица е огромно. Говорат дека се работничка партија и молат за донации, за потоа од истите луѓе кои им ги донираат овие средства, истите да си ги поделат 2-3 од врвот на Левица.
Но, тоа не на зачудува од вакво тип на лицемерни и дволични политичари, кои денес зборат и прават едно, утре друго.
Вакви луѓе кои немаат визија, немаат идеа, и немаат ниту едно решение за ниту еден проблем, туку знаат само да лажат и манипулираат во јавноста, се прочитани од народот.
Апасиев, Мециновиќ и Левица се демаскирани.“