Ако проектот „Истражија Македонија“, не беше укинат во Пржино, со оној уценувачки договор, имавме намера да снимаме приказна и за оваа „Мома“ од Селечка планина кај Прилеп, пишува истакнатиот македонски актер Владо Јовановски.

Во продолжение целата негова објава од Фејсбук, во која пишува за заборавената „Мома“:

– Локалната легенда вели дека ја правеле војниците на Александар Македонски кога се вратиле од Индија. А кој знае, нај веројатно оваа свинга е правена мнооогу порано. На колку се’ луѓе ја имам покажувано оваа фотографија … Многу е чудно зошто до сега се крие од очите на јавноста. Зошто не е’, археолошки истражена? Бог знае што се’ ќе се открие надолу под земјата? Зошто не е заградено местото, па да има чувари, како би се заштитил локалитетот од диви копачи? Зошто не се водат туристи таму кои ќе се сликаат, ќе купуваат разгледници, магнетчиња, статуетки и на кои би им се раскажувала Македонската приказна.? И не е само ова место и оваа свинга која нај веројатно е правена од човечка рака а не е геолошки феномен, пишува Јовановски во објавата на неговиот профил на ФБ.

Еееех оваа моја чудесна земја – Македонија!- додава тој на крај.

Објавата на Јовановски може да ја отворите на следниот ЛИНК.