Teрористички акт, вака Александар Пандов, директор на Управата за извршување санкции гледа на серијата симптоматични и симултани пожари по депонии кои минатите денови го сардисаа Скопје.
-Тетористички акт. Ти го загрозуваш и создаваш паника и страв кај населението, тоа е тероризам, а позадините се политички. Тоа дека во ист момент се запалиле 3-4 депонии и дека така им дошло на нив, никој не верува во тоа. Дека оваа група е координирана тоа е јасно, како што е и јасно дека истите тие треба „да горат во пеколот“, затоа што го трујат населението и прават голема штета на државата. Колку што слушнав дел се и осомничени и фатени, верувам дека поголемиот дел ќе бидат фатени, изјави Пандов во „За или против“ на Алфа.
-Денеска токму тоа го зборев со луѓе од затворите, јас искрено би направил едно посебно оддление за ваквите криминалци. Пироманско или како сакаш наречи го, но би ги истретирале како што треба, затоа што прават навистина голема штета на државата и на населението. Повторно, по дефиниција тероризам е кога ти со своите насилни, вакви постапки ја загрозуваш безбедноста, внесуваш страв и паника кај населението, тоа е тероризам, потенцира Пандов.
На прашање на новинарот Љупчо Цветановски, дали граѓаните „да не се грижат“ и дека и покрај пренатрупаноста на македонските затвори ќе се најде место за овие пиромани/терористи, Пандов на шега одговори дека ако треба, привремено ќе ги смести и кај него во подрум.
-Како да не, ќе им најдеме место, во „најново“ одделение ќе ги сместиме, само нека ги фатат, одговори Пандов.