Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, стана најдобар стрелец во сезоната 2025 на МЛС, постигнувајќи два гола на дуелот со Д.Ц. Јунајтед.
Аргентинецот викендов го постигна својот 22-ри гол на 22 натпревар, надминувајќи го напаѓачот на Нешвил Предаторс, Сем Сариџ, кој има 21 гол на 31 натпревар.
Триесет и осумгодишниот Меси, иако е во залезот на кариерата, уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите во американското првенство.
Интер Мајами е петти на табелата во Источната конференција на МЛС со 52 бода на 28 натпревари.