Израелската војска соопшти дека меѓу целите биле седиштето на Хутите, безбедносната и разузнавачката инфраструктура и воените кампови.

„Нанесевме голем удар на неколку терористички цели на терористичката организација Хути во Сана“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац на платформата X.

Нападите се најнови во серијата непријателства меѓу Израел и јеменските Хути, кои започнаа поради војната во Газа.

Жителите во јеменскиот главен град изјавија за Ројтерс дека нападите биле концентрирани на југот и западот од Сана и се случиле додека се емитувал однапред снимен говор на лидерот на Хутите, Абдул Малик ал-Хути.

Напад со беспилотно летало, лансиран вчера од Јемен , повредил најмалку 20 лица во Еилат, на самиот југ од Израел.