На 03.01.2018 година околу 17,00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на автопатот Тетово -Скопје, во близина на наплатната станица Желино, го лишиле од слобода А.А.(44) од Р. Албанија поради сомнение дека илегално влегол во Република Македонија.
Албанскиот државјанин задржан е во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
На 03.01.2019 година во 18,15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров М.Ц.(41) пријавил дека неговата сопруга Б.Ц. која ја пријавил за исчезната претходниот ден се вратила во нивниот дом.
На 03.01.2019 година во 15.15 часот на улица „Вардарска“ во Неготино куче од непозната раса ја нападнало Б.Д.(66) од Неготино, и ја каснало за десната потколеница.
МВР денеска соопшти дека вчера околу 13,50 часот на улица „Ваташа” во Скопје Н.Ѓ. (19) нападнал полициски службеник, кој постапувал по пријава од граѓани. Н.Ѓ. е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(44) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ. При претрес во домот на пријавениот пронајдена е марихуана.
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(30) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ. При претрес во домот на пријавениот пронајдени се амфетамини.
На 03.01.2019 година во 20,00 часот Л.П.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека околу 19,55 часот на улица „2-ра Македонска Бригада“ во Скопје од страна на непознат сторител и било извршено разбојништво и и била одземена чанта со 1.800 денари, клучеви и очила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против И.А.(56) од село Режановце, кумановско за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, против Д.Ј.(36) од Куманово, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против С.А.(37) од село Горно Којнаре, кумановско за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
Во текот на 2010 и 2011 година во атар на село М’глинце, кумановско, од парцела сопственост на третопријавениот, истиот, согласно одобение од ЈП„Македонски Шуми“, извршил сеча на 250 м³ огревно дрво. Потоа, истиот поднел барање за исправка на површината на наведениот имот, за што првопријавениот, како геодет во одделението за катастар на недвижности Куманово, без да излезе на лице место за да ја утврди фактичката состојба, по претходен договор со третопријавениот, ја отпишал целокупната површина од наведениот имот, и запишал нови катастарски парцели, кои имале површина поголема за околу 6.000 м². Второпријавениот, како раководител на одделението за катастар на недвижности Куманово, не извршил надзор и контрола над работата на првопријавениот, по што била евидентирана промената на сопственоста на имотот на третопријавенот. Со ова, прво и второпријавениот му овозможиле на третопријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 700.000 денари, нанесувајќи му при тоа штета од 1.750.000 денари на шумскиот фонд на Р.Македонија.
На 03.01.2019 година околу 07,35 часот во Полициска станица Чаир, М.М.(29) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 06,00 часот во неговиот дом забележал дека неговиот син не дава знаци на живот. Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт. Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител ќе биде извршена обдукција.
На 03.01.2019 година околу 09,00 часот во Скопје И.З. (38), пријавил дека на улица „Методија Андонов Ченто“ бил физички нападнат од две лица кои се обиделе да извршат и разбојништво врз него, но не успеале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.