Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика европските земји да се организираат во „тесна соработка“ со НАТО за „зголемување на притисокот“ врз руската „флота во сенка“, преку која Русија ја извезува својата нафта заобиколувајќи ги западните санкции.

– Исклучително е важно да се зголеми притисокот врз флотата во сенка, бидејќи тоа очигледно ја намалува способноста на Русија да ги финансира своите воени напори, изјави тој на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Копенхаген, наведувајќи како пример запирањето на сомнителен брод во близина на бреговите на Франција и извршените проверки на него.

Дроновите кои го нарушија европскиот воздушен простор „можат да бидат уништени“, беше категоричен Макрон по серијата навлегувања на дронови над Европа во изминатите недели.

– Многу е важно да испратиме јасна порака. Дроновите кои ја нарушуваат нашата територија претставуваат значителен ризик. Тие можат да бидат уништени. Точка, изјави францускиот претседател.

Фото: Архива