Поминувајќи по трасата и вршејќи увид во изградбата на автопатот од Тетово до Гостивар заедно со тимот од проектната единица на ЈПДП и со Изведувачот на работите американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, се уверив дека изградбата на Коридорите 8 и 10д не се само обични зборови, туку лично видов како делата зборуваат. Изградбата започна со многу предизвици, но денес делницата 1 Тетово – Гостивар, е во фаза која ветува брза и квалитетна изградба, објави директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.

Facebook / Коце Трајановски

Откако се започнати градежните активности на терен веќе се гледа голем напредок.

-Извршени се ископувања на околу 150.000 м3 земја, вградени се 310.000 м3 материјал за пополнување, произведени се 2.500 м3 бетон за завршување на работи на автопатската делница. На делниците 1 и 2 моментално работат околу 1200 лица и вклучени се повеќе од 750 различни машини и механизација, а во наведните бројки се вклучени и подизведувачите Во моментов 60% од снабдувачите и 90% од подизведувачите се домашни компании. Досега непречена работа е овозможена на должина од околу 9 км од 17,5 км на делницата Тетово-Гостивар, нагласува Трајановски.

Facebook / Коце Трајановски

Ова не е само инфраструктура – ова е економски раст, нови перспективи и чекор поблиску до европското семејство.