„Венко Филипче има неколку компании регистрирани во Петрич, на улица Гоце Делчев број 4, па добро е да каже како се регистрираат тие компании, што работат тие компании, од каде профитот на тие компании и дали од докторска плата тоа се заработува“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на денешната поста на струмичкиот крај и општини кои се дел од изборна единица 4, говорејќи за претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се вели во  соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Николоски, СДСМ е партија која ја опустоши целата држава и потоа за да се заштитат и тие самите правеа национални предавства. Тој повика на масовна излезеност на локалните избори на 19 октомври годинава, па така на тој начин да се стави крај на оваа криминална банда на СДСМ.

,,Добро е македонскиот народ да ги слушне сите овие одговори. Јасно е дека се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе кои што ја опустошија цела држава, а за да се заштитат себе правеа национални предавства“, кажа Николоски.

Николоски укажа дека токму затоа е потребна една голема мобилизација на овие локални избори.

„Масовно да се излеземе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ставиме конечен крај на оваа банда,“ истакна Николоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ