Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска изјави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп „за добриот напредок постигнат во трговските преговори“.
Министерство за трговија и индустрија на Индија соопшти дека наскоро се очекува нов круг преговори помеѓу Њу Делхи и Вашингтон.
Трамп воведе царина од 50 проценти за повеќето производи од Индија. Тоа е една од највисоките царини за кој било трговски партнер на САД.
Мерката влијае на околу 50 милијарди долари индиски извоз во САД, главно во текстилот, скапоцените камења и накитот, како и ракчињата.