Резултатите од последната телефонска анкета на ИПИС направена за потребите на МРТ, синоќа се анализираа во емисијата Објектив. Предмет на анализа, овој пат, беше Општина Охрид, каде што граѓаните даваат огромна поддршка за актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

На анкетата Кирил Пецаков, споредено со кандидатот на СДСМ, Асен Шајн води со огромна предност од 3 према еден, односно 30,6 наспрема 10,4 проценти.

На прашањето „За кој кандидат за градоначалник на Охрид ќе гласате на локалните избори“, за Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 30,6%, за Асен Шајн од СДСМ 10,4%, за независниот кандидат Гоце Цветковски 2,6%, додека Стевче Стевовски Твоја партија има 2% доверба од испитаниците.

На следното прашање „Кого би избрале доколку во вториот круг треба да се одлучите“, огромни 33,1% рекле дека би го избрале Кирил Пецаков, додека Асен Шајн само 11,6%.

Телефонската анкета е спроведена во октомври на примерок на примерок од 1000 испитаници