И Американцте имаат своја афера „Големото уво“. За тоа, во текот на седмицата што изминува се расправаше и во американскиот Сенат, во рамки на сослушувањето на генералната американска јавна обвинителка Памела Бонди, која за акциите што ги спроведува водеше војна со противниците од Демократската партија.
Осум републикански сенатори биле прислушувани, но изгледа тоа е најмал проблем, Посебно впечатливо е што цел на ФБИ биле и тие родителите кои на состаноците на училипните одбори прашувале какви лекции учат нивните деца, односно биле против спроведување на трансродовата идеологија во училиштата. Највпечатливо, кога е во прашање „Големото уво“, односно прислушување на републикански сенатори од страна на администрацијата на Џо Бајден беше сведочењето на републиканскиот сенатор Џош Холи.
Тој рече:
„Генерален обвинител Бонди, мило ми е што ве гледам. Добредојдовте. Внимателно ги слушав моите колеги демократи кои ве обвинија дека ги прогонувате политичките непријатели.
Исто така, ги слушнав како велат – и само го запишав тоа затоа што сакав да бидам сигурен дека правилно ги слушнав – ги слушнав како велат дека Џо Бајден никогаш не ги таргетирал своите политички непријатели. Џо Бајден никогаш не му наложил на својот државен обвинител да ги прогонува неговите политички противници.
Хммм. Тоа е интересно бидејќи можев да се заколнам дека вчера дознавме дека ФБИ го прислушувало мојот телефон. Ајде да го погледнеме. Имаме список. Го прислушкувале мојот телефон, го прислушувале телефонот на Линдзи Греам, го прислушувале телефонот на Марша Блекбурн, прислушкувале уште пет телефони на сенатори од Соединетите Американски Држави.
Мене тоа ми изгледа како таргетирање на политички противници. И сепак, не сум слушнал ни збор од таа страна на подиумот (мисли на демократите, н.з.) за каква било загриженост, загриженост за Министерството за правда кое ги прислушува телефоните на актуелните сенатори на Соединетите Американски Држави затоа што, којзнае зошто, – не ги сакале? Тие биле членови на опозициската партија. Тие се републиканци. Тие се конзервативци.
Го видовте овој документ, генерален обвинител Бонди? Што се случувало овде? Кој го нареди ова? Кој нареди прислушување на телефоните на сенаторите на Соединетите Американски Држави?“, запраша Холи.
Државната обвинителка на САД, Памела Бонди
Одговорот на Бонди беше дека не може да дискутира за деталите околу тоа во овој момент од многу добри причини, дека ќе бидат разгледани сите аспекти на ова прашање заедно со директорот на ФБи, Крис Пател, по што Холи продолжи:
„Па, можам да ви кажам дека веќе знаеме многу од деталите. Веќе знаеме дека ова го наредил специјалниот обвинител, Џек Смит (специјален обвинител во времето на Џо Бајден, н.з.), кој директно му поднесувал извештаи на државниот обвинител на Соединетите Американски Држави, Мерик Гарланд (претходник на Бонди во времето на Бајден, н.з.).
И знаеме дека Џек Смит бил во лов на вештерки затоа што добил наредба да го стори тоа од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден. Ајде само да се потсетиме – ајде да прошетаме низ спомените.
2 април 2022 година. „Њујорк тајмс“: Се вели дека кон крајот на минатата година, значи кон крајот на 2021 година, г-дин Бајден им се доверил на своите најблиски дека верува оти поранешниот претседател Трамп е закана за демократијата и дека треба да биде гонет.
Еве за што зборуваме. Трамп, се разбира, во тоа време бил обичен граѓанин. Затоа, Бајден го назначува својот „платен убиец“, Џек Смит, кој го гони Трамп и ги гони членовите на Сенатот.
Може ли само да го кажам тоа повторно за моите колеги – во корист на моите колеги од другата страна на подиумот? Прислушување на телефоните на сенаторите од Соединетите Американски Држави. Ова не е хипотетичко. Ова не е „можеби што ќе правите во иднина“. Ова не е „ох, можете ли да замислите таква ситуација“. Ова се случи.“
Но, тие не застанале тука, вели Холи. Тоа што за него е скандалозно е дека постои меморандум на ФБИ од истиот временски период, период во кој ФБИ се обидува да регрутира информатори во католичките парохии. Тоа значи, тврди Холи, дека биле таргетирани и католиците поради тоа што на Џо Бајден и неговото ФБИ (Холи ја употребува формулацијата „неговото ФБИ“) не им се допаѓале католиците кои оделе на одреден вид миса.
Според Холи, тука е и озлогласениот меморандум до училишниот одбор каде што Мерик Гарланд, претходникот на Памела Бонди на државен обвинител, номиниран од Бајден, по налог на Белата куќа, издал меморандум со кој го активира одделот за борба против тероризмот на ФБИ против родители кои присуствувале на состаноците на училишните одбори и имале дрскост да прашаат што им се предава на децата во контекст на трансџендер идеологијата. Тие родители биле предмет на интерес, истакнува Холи.
И продолжува:
„Родител на состанок на училишен одбор – мислам во Вирџинија – тој бил извлечен од состанокот на училишниот одбор. Таму е крвав. Можете да го видите тоа. И каков беше одговорот на Министерството за правда на Џо Бајден и ФБИ? Одговорот беше да издадат меморандум во кој се вели дека луѓе како овој треба да бидат истражени од страна на единицата за борба против тероризмот.
Холи ја покажува фотографијата со крвавиот родител кој на седница на училишниот одбор прашал што им се предава на децата во училиштата, мислејќи ан траснродовата идеологија
Неверојатно.
Или што велите за ова? Да се потсетиме на Марк Хаук и застапниците на „за живот“ кои беа гонети за што? За тоа што одеа во клиника – клиника за абортус – и се молеа на тротоар пред клиника за абортус. Ова е Марк Хаук и неговото прекрасно семејство на миса.
Овој човек, по наредба на ФБИ на Џо Бајден, натерал тим на ФБИ да отиде на нанеговата врата во раните утрински часови со неговите прекрасни деца таму, тероризирајќи ги со извлечено оружје. Потоа бил уапсен и гонет. Поротата го ослободила од обвинение.
Ова е она што се случуваше за време на владеењето на Џо Бајден. Сенатори на Соединетите Американски Држави беа шпионирани. Поранешни претседатели – политичките противници на претседателот во тоа време – беа гонети. Противниците на животот беа цел, гонети. Католиците беа цел, гонети. Деведесет и две конзервативни организации беа ставени под надзор, цел за потенцијално гонење“, истакна сенаторот Холи.
На ова, Бонди вели дека тоа е врв на употреба на државната моќ како оружје. И дека тоа под претседателство на Доналд Трамп завршило. Родителите повеќе нема да бидат цел на напади, вели Бонди. Родителите на кои им е грижа дали нивните деца од основно училиште мора да читаат трансродова книга нема да бидат цел на напади и нема да им се кажува дека не можат да имаат никаков глас во образованието на нивното дете.
„Тоа заврши под оваа администрација. Луѓето можат слободно да се поклонуваат, без разлика дали се католици, во синагоги или муслимани – секој може слободно да се поклонува“, истакна Бонди.
Сенаторот Холи продолжи:
„Знаете, размислувам за некои од злоупотребите на моќта во историјата на оваа земја, а за жал, имало многу од нив од страна на членовите на извршната власт во текот на годините – без разлика дали станува збор за Вотергејт, без разлика дали станува збор за она што го правеше Џеј Едгар Хувер во своето време во ФБИ, шпионирајќи многу јавни личности – Роберт Ф. Кенеди, Џ.Ф.Кенеди итн.
И само морам да кажам дека она што сега го знаеме дека се случи во последните четири години под Бајденобвата администрација го надминува сето тоа. Го надминува сето тоа.
Не само поради мешањето во законодавната власт, не само поради очигледното непочитување на поделбата на властите, не само поради очигледното непочитување на Првиот амандман, туку и поради таргетирањето на обичните американски граѓани кои не можат да си дозволат адвокати, кои не можат да си дозволат одбрана, кои – кога ФБИ ќе им затропа на врата или ќе дојде со тимот SWAT – не знаат што да прават.
Тоа е апсолутно срамота. Тоа е дамка врз историјата на оваа земја и врз совеста на оваа земја, она што оваа администрација го направи во последните четири години.
Значи, еве што мислам дека треба да се случи. Госпоѓо генерален обвинител, мислам дека ни треба назначување на специјален обвинител чија единствена одговорност ќе биде да дојде до суштината на она што се случило во секој случај што го споменав.
Мислам дека треба точно да знаеме кој ги одобрил прислушувањата на сенаторите на Соединетите Американски Држави – кој знаел за тоа, кои агенти биле вклучени во Министерството за правда или ФБИ. Мислам дека треба точно да знаеме кој го потпишал католичкиот меморандум, меморандумот за шпионажа – кој бил вклучен во него, до каде стигнал.
Мислам дека треба точно да знаеме кој го одобрил гонењето на Марк Хаук, кој ги тероризирал застапниците на „животот“ и се обидел да ги заплаши. Мислам дека треба да го знаеме тоа…
Треба да се направи со темелна истрага, целосна транспарентност. А оние што ги прекршиле законите треба да бидат гонети.
Ви благодарам за она што го правите, генерален обвинител Бонди“, заврши Холи.