Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, учествуваше на панел-дискусијата „Гласот на младите во одлучувањето“, што се одржа на плоштадот „Илирија“ во Тетово, во организација на Младинскиот форум. Во своето обраќање, Касами истакна дека неговата посветеност останува насочена кон создавање можности преку кои младите ќе можат целосно да го остварат својот потенцијал.

Тој го спомена носителот на советничката листа, Алби Ќамили, како и директорот на ЈП „Шари“, Валон Зеќири, како двајца млади луѓе на кои им е дадена шанса во рамките на Општина Тетово. Касами ги повика младите да бидат свесни дека во одредени моменти од животот ќе треба самите да го трасираат својот пат.

-Ние се стремиме да им овозможиме шанса на младите, а веќе имаме бројни примери на успешни млади на кои им е доверена одговорност. Алби е носител на листа, Валон е директор на едно од најважните претпријатија – тоа покажува дека да работиш со младите значи да работиш со најенергичниот дел од општеството“, истакна Касами.

Потоа Касами истакна дека улогата на младите во процесот на одлучување треба да биде во координација со поискусните генерации.

-Само така може да се донесуваат одлуки што се волунтаристички, но и добро промислени, што на крајот носи подобри резултати. Кога зборуваме за младината, зборуваме за образовани, воспитани и професионално подготвени млади луѓе, кои можат да ги понесат одговорностите што им припаѓаат. Вашите одлуки ќе бидат попрецизни доколку ги земете предвид и искуствата на постарите генерации. Но, во одредени моменти треба сами да го обликувате сопствениот животен пат, за да стекнете автентично искуство. Само така ќе ги наследите постарите генерации и ќе станете пример за оние што ќе дојдат по вас, рече Касами.