Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод 23. Октомври – Ден на македонската револуционерна борба упатува честитка на македонските граѓани.
Целата честитка од министерот Мисајловски до граѓаните во продолжение:
„Почитувани граѓани, Денешниот ден нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината. Искрата разгорена токму на овој ден во 1893 година ја претвори македонската мисла во движење и ги постави темелите на нашата држава.
Патриотизмот не е само збор, туку е симбол на достоинство, храброст и единство во секојдневието и во службата, во почитта кон другите, но и во грижата за татковината.
23 Октомври е потсетник дека љубовта кон Македонија е трајна вредност што треба да ја чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации.
Нека ни е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!
Да ни е вечна Македонија!, пишува Мисајловски во честитката.