Македонија направи вистински избор на локалните избори, граѓаните ги препознаа чесните и искрените намери на ВМРО-ДПМНЕ да ја изгради државата повторно од темелите на промените, вели членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски во својата прес-конференција.
Освојувајќи 54 општини на територија на Република Македонија и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. Историски промени и победи во Кичево, Карпош и Струмица, издвојуваа големи победи и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија и Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево. Во останатите општини кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ убедливо победија, а и победа на Орце Ѓорѓиевски во градот Скопје.
СДС на овие избори доживеа огромен дебакл. Освојувајќи само 6 општини, околу 126 илјади гласови и околу 230 советника, СДС е трета партија во државата позади нашиот владин коалициски партнер, партијата ВРЕДИ. СДС на ова ниво, никогаш не биле.
– Граѓаните јасно кажаа дека се против политиките на Филипче и неговиот ментор Заев, кој сеуште ги држи конците во СДС Наместо да се оградат и дистанцираат од Зоран Заев, Филипче и раководството на СДС, продолжуваат да го величат ликот и делото на Зоран Заев, човекот кој ја распродаде и уништи Македонија. Потребни се итни промени во раководството на СДС. На Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ им е потребна силна опозиција. Потребен ни е коректор на политиките, луѓе со кредибилитет и аргументирана критика. Филипче и СДС во моментов се во политички нокдаун, и време е Филипче да си замине од СДС и од политиката, потенцира Манасиевски.




