Унгарија се стреми средбата помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан да заврши со договор за пакетот економски и енергетски мерки, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Трамп и Орбан ќе се сретнат во Вашингтон на 7 ноември. Унгарскиот премиер претходно истакна дека се надева оти ќе го убеди Трамп да ја изземе Унгарија од американските санкции на руската нафта.
Орбан претходно побара Трамп да ја изземе Унгарија од санкциите поради купување на руска нафта, но САД не дозволија.
Бараше изземање. Не одобривме, но, да, Виктор е мој пријател, изјави Трамп на 31 октомври.




