Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Благоја Милевски доби прашање и за неговиот договор со Федерацијата, кој истекува на крајот на месец ноември.
Предводникот на нашите „рисови“ со дипломатски одговор порача дека во моментов е фокусиран само на најважниот натпревар во квалификациите – против Велс во Кардиф.
„Јас сум под договор со Фудбалската федерација на Македонија до крајот на ноември и максимално сум фокусиран единствено на Велс и Летонија, и ништо друго…. Не размислувам за тоа што ќе биде понатаму, се е во функција на тимот“, изјави Милевски.




