Во Кичево победи кичевчанец. Таа победа ја остваривме заеднички бидејќи сите политички партии ме поддржаа. Во овие локални избори, за среќа, сите ми подадоа рака, вели новиот градоначалник на Кичево, доктор Александар Јовановски во ексклузивното интервју за КУРИР.
Им се заблагодари на сите партии, на сите граѓани кои му дадоа поддршка.
-Сакав да им покажам и веројатно успеав, затоа е и таков резултатот, да им кажам дека целта ми е заеднички да функционираме. Да престанат оние работи „овој ваш ли е“, „наш ли е“ или треба да поставиме некаде некој раководител па „од каде е, од која партија“ туку да одиме на квалитет. Да одиме на труд, чесност и искреност и да одиме на братство. Мене зборот соживот не ми се допаѓа, сакам живот, сакам сите да живеат и сите да бидат застапени. Не мора да одиме на проценти, сакам да одиме на квалитет. Сакам да го подигнам нивото на застапеност особено на Турците и Ромите во јавната администрација, онаа која е во надлежност на општината, за реално да ги согледаме и нивните проблеми, да се зближиме, да видиме во кој дел имаат тие проблеми, со што се соочуваат. И да можеме што повеќе да си помагаме меѓусебно и сите да се почувствуваат како еден кохезивен дел, како една коцка од мозаикот кој се нарекува Кичево, рече тој.
Неговата цел е Кичево без поделби, град во кој секој граѓанин ќе биде еднаков.
Со него разговаравме за неговото детство, младоста, студентските денови, но и за љубовта со сопругата Линдита.
Погледнете го целото интервју на КУРИР со Јовановски:




