И во државата и во црквата есенцијално е да се прекине со неказнивоста, потенцира владиката Петар во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски. Мора да постои ред и поредок, за да се биде вистинска автокефална црква.
„Се додека и во црквата, како и во општеството и државата има неказнивост, се додека кај нас има расчинети свештени и свештомонашки монаси, монахињи и калуѓерки, луѓе кои се уште не ја напуштиле службата монашка или свештеничка, го напуштиле монашкиот завет, а не се расчинети од страна на црковните судови и тие се, некои од нив дури и оженети, омажени и така натаму, имаат семејства… не личиме на црква така“, констатира владиката.
„Ние мораме, како што во државата се поставуваат прашањата да проработи правниот, уставниот систем и обвинителството, така мора и во црквата тоа да функционира беспрекорно ако сакаме да има ред и поредок и да видиме вистинска автокефална црква“, посочи митрополитот преспанско-пелагониски во поткастот на КУРИР.




