Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ги израмни рекордите на Вилт Чемберлен, Мајкл Џордан и Боб Мекаду.
Во натпреварот одигран ноќеска против Милвоки (119:95) на гостински терен, Дончиќ имаше 41 поен, девет скока, шест асистенции, една украдена топка, две блокади и три изгубени топки.
Дваесет и шестгодишниот Словенец стана четвртиот играч во историјата на НБА-лигата кој постигнал 40 или повеќе поени во 50 натпревари пред да наполни 27 години.
Лејкерси се четврти во Западната конференција на НБА.




