Група саботери, во име на украинските безбедносни служби, планирале обид за атентат врз секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, објави весникот „Московски комсомолец“, објавија денеска руските медиуми.
Атентатот требало да се изврши кога Шојгу ќе го посети гробот на своите роднини на московските гробишта Троекуровски.
Центарот за односи со јавноста на Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави на 14 ноември дека е спречен терористички напад врз висок руски функционер.
Нападот бил планиран на гробот на роднините на функционерот на московските гробишта, користејќи видеокамера скриена во вазна со цвеќе.
Три лица се приведени, меѓу кои и мигрант од централноазиска земја. Сепак, идентитетот на нивната цел досега не е откриен, додаваат руските медиуми.
фото: архива




