Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска ја обвини меѓународната заедница дека се обидува да ја преправи историјата, особено во однос на Украина.

– Постојат цинични обиди да се преправи историјата, да се намали одлучувачката улога на народот на Советскиот Сојуз и Црвената армија во поразот на нацистичка Германија, да се оправдаат нацистите и нивните послушници и окупаторите да се изедначат со ослободителите, изјави Лавров во видео-обраќањето на Меѓународниот научно-практичен форум „Без застарување. Нирнберг. 80 години“.

Тој посочи дека Западот денес ги игнорира заклучоците од Нирнберг и лекциите од Втората светска војна.

– Ова денес е најочигледно во Украина, каде што, како резултат на државниот удар поддржан од НАТО во 2014 година, сили опседнати со омраза кон сè што е поврзано со Русија, ја презедоа власта, истакна Лавров.

фото: Архива