Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека разговарал со секретарот на армијата на САД, Ден Дрискол, и дека го очекува во Киев оваа недела.
Дрискол е клучен член на американскиот преговарачки тим за решавање на конфликтот во Украина.
-Ви благодариме за вашата објективност и конструктивност, напиша Јермак на Телеграм. „Продолжуваме да очекуваме секретарот на армијата на САД да го посети Киев оваа недела и сме подготвени да продолжиме со нашата работа што е можно поскоро за да ги финализираме чекорите за прекин на крвопролевањето“, додаде Јермак.
Началникот на кабинетот на Зеленски беше дел од украинската делегација што ја посети Женева во неделата за консултации со американски претставници за мировните предлози на Вашингтон.
Јермак истакна дека овие разговори се „добра основа“ и додаде дека Зеленски и неговиот тим се „целосно посветени на понатамошна работа“.




