Според официјалниот извештај на Заводот за јавно здравје на Албанија, презентиран денеска по повод 1 декември, Меѓународниот ден на борбата против СИДА-та, за десет месеци годинава се дијагностицирани 125 нови случаи со ХИВ-СИДА, што е за два случаи повеќе споредено со истиот период минатата година.
„Националната преваленца е 0,08%, додека инциденцата е 5,3 на 100 илјади жители. Главниот пренос е сексуален со 72,6% од хетеросексуалци, додека преносот од мажи кои имаат сексуални односи со мажи е 23,4%, а преносот од мајка на дете е 2,4%. Од вкупниот број новозаразени, според полот 73 отсто или 98 случаи се од машки, додека 27 отсто или 27 по број се од женски пол, стои во извештајот, објавија медиумите.
Според распределбата по возрасни групи, инфекцијата е најраспространета кај лица на возраст од 35 до 44 години или 27,8 отсто и од 25 до 34 години или 26,9 отсто.
Првиот случај на зарзен со ХИВ/СИДА во ова земја е регистриран во 1993 година. До сега официјалната бројка е 1.973, но се верува дека бројот е поголем. Како последица од оваа болест починале над 230 лица.
Во земјата функционираат 14 советодавни центри и има доброволно бесплатно тестирање, како форма на превенција, но, според надлежните лицата се тестираат кога болеста веќе е во повисок стадиум.
Во земјата функционираат 14 советодавни центри и има доброволно бесплатно тестирање, како форма на превенција, но, според надлежните лицата се тестираат кога болеста веќе е во повисок стадиум.




