Поттикнато од желбата да ја внесе божикната атмосфера во православните домови, сестринството од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во село Рајчица, кај Дебар, се погрижи и оваа година да изготви божикни пештери и така да одговори на сè поголемиот интерес на верниците за овој традиционален, уникатен божикен украс.

– И оваа година нашето сестринство се потруди да изработи традиционални божиќни украси во вид на некогашната Витлеемска пештера. Треба и ние самите, а и заедничкото семејно катче да го доловат смирениот лик на Витлеемската пештера, сведочејќи го на сите наоколу настанот што се случи пред повеќе од 2000 години во таа тивка божиќна ноќ, вели сестра Ефимија.

Додава дека пештерите се направени од различни прикладни материјали, автентично украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилo и претставуваат прекрасно надополнување на божиќното дрвo, во духот на нашата православна традиција.

Изработката на божикните пештери во овој наш познат женски манастир почна пред петнаесетина години.

Со голема љубов кон Бога, трпение и молитви за мир и благосостојба, сестрите имаат изработено над стотици пештери, кои красат многу домови, цркви, но и простории на компании, фирми, институции. Со години наназад голема божиќна пештера се поставува и во центарот на Охрид, македонскиот Ерусалим, на плоштадот во Кичево, како и други градови.

– Заинтересираните верници кои сакаат да си ги украсат своите домови со рачно изработени божиќни пештери, овој пат, ќе може да ги нарачаат на следниов број: +389 77 551 287 кај сестра Филотеја.

МИА

Фото: манастир Рајчица