Од идната година во Кенија се воведува настава за изучување на кинескиот јазик за да се унапреди компепетивноста на државата и олесни подобрување на трговијата и поврзаноста со Кина.
Според Институтот за развој на Кенија, кинескиот јазик се воведува од 2020 година и учениците од прво до четврто одделение и понатаму ќе може да го изучуваат тој јазик како изборен.
Кенија не е прва ниту последна африканска држава која поради се посилните економски и политички врски со Кина воведува кинески јазик во школите. Во 2014 година тоа го направи Јужна Африка, а Уганда исто така планира воведување мандарински, и тоа како обврзен предмет во средните училишта.