Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, ја украси Белата куќа за Божиќ. Темата за оваа година е „Домот е таму каде што е срцето“.
-Постојаното движење ме научи дека домот не е само физички простор. Тоа е топлината и удобноста што ја носам во себе, без оглед на околината. Овој Божиќ, да ја прославиме љубовта што ја носиме во себе и да ја споделиме со светот околу нас. На крајот на краиштата, каде и да сме, можеме да создадеме дом исполнет со грациозност, раскош и бескрајни можности, рече Меланија Трамп.
Дизајнерот Ерве Пјер ѝ помогна да ја украси Белата куќа. Како дел од традицијата, 75 дамски венци со класични црвени машни ги красат прозорците на Белата куќа, а повеќе од 50 новогодишни елки, 210 метри венец, 7.500 метри лента и 3.500 пеперутки ги исполнуваат собите со празнична топлина.
Исто така, беше закачена и фотографија од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, направена неколку моменти откако беше ранет за време на пукотница на изборен митинг во Пенсилванија. Исто така, има два негови портрети направени од повеќе од 6.000 парчиња сложувалка.
Декорацијата, оддаде почит на 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност во 1776 година и основањето на Соединетите Американски Држави, кое ќе се прослави следната година.




