Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци се емитува во живо на сите социјални мрежи на партијата и веќе руши рекорди по гледаност. Според партиски извори, повеќе од 14.000 луѓе истовремено го следеле обраќањето на претседателот Христијан Мицкоски на различни дигитални платформи.
Она што дополнително го привлекува вниманието е составот на онлајн-публиката. Меѓу гледачите се забележани и активни акаунти поврзани со СДСМ и ДУИ, како и профили на поранешни политички функционери кои очигледно будно ја следат новата политичка динамика.
Според извори од организацијата, бројката на гледачи продолжува да расте додека трае преносот, што го позиционира овој Конгрес како еден од најследените политички настани во живо во последните години.




