По повод денот на Свети Климент Охридски упатувам искрени честитки до сите граѓани. Делото на овој голем просветител претставува трајна вредност и инспирација за неговата посветеност кон знаењето, духовноста и развојот на писменоста. Свети Климент со својот пример ни покажува дека преку образование се гради и зајакнува иднината на народот. Овој ден не потсетува на важноста да го зачуваме и унапредуваме она што ни е оставено како највредно наследство јазикот и писменоста. Да продолжиме да градиме силно општество преку вложување во младите, во знаењето и во културното богатство што не обединува. Нека е честит празникот и нека живее делото на Св. Климент Охридски, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
08.12.2025.




