Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван, а нејзината безбедност гарантирана на долгорочен аспект при секаков мировен договор со Русија, изјавија денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Двајцата лидери на Европската Унија упатија иста порака на социјалните мрежи по состанокот во Брисел со украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван. Безбедноста на Украина мора да биде гарантирана на долгорочен аспект како прва линија на одбрана на нашиот Сојуз“, гласат нивните објави.
ФОТО: Икс на Урсула Фон Дер Лајен




