Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета.
Муцунски и Споропали ќе остварат средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во двете земји, билатералните односи и соработката, како и за можностите за нивно понатамошно унапредување во сите области од заемен интерес.
По тет-а-тет средбата меѓу двајцата министри и билатералната средба меѓу делегациите на двете министерства Муцунски и Спиропали ќе одржат прес-конференција за медиумите.
ФОТО: Фејсбук на Елиса Спиропали




