Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто.

-Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87 отсто, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54 проценти. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32 отсто иако беше предложено да има зголемување од 9,63 проценти и во четврт блок зголемувањето е 3,84 отсто, наместо предложените 11,86 проценти, соопшти денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој посочи дека поскапувањето за 85 отсто од домаќинствата ќе биде 2,28 отсто или 57-70 денари на просечната сметка.

-За 63,86 отсто од домаќинствата или 517 400 кои имаат потрошувачка само во прв блок и во евтина тарифа зголемувањето на месечната сметка е 2,28 проценти. За 20,97 проценти или 169 900 домаќинства кои имаат потрошувачка во прв и втор блок зголемувањето на месечната сметка е 2,59 отсто или 70 денари. За 1,73 отсто или 14 000 домаќинства кои имаат потрошувачка во прв, втор и трет блок зголемувањето на месечната сметка е 2,79 отсто или 370 денари и за 0,55 отсто или 4 400 домаќинства  во прв, втор, трет и четврти блок кои се вкупно 4 400 или 0,55 отсто, зголемувањето на месечната сметка е 3,22 процента или  околу 900 денари, информира Бислимовски.

едно домаќинство од прв блок со потрошувачка 210 киловатчасови и евтина тарифа од 227 киловатчасови ќе има повисока месечна сметка за 57 денари или 2,28 отсто, домаќинство од блок 1 со 210 киловатчасови, од втор блок со 420 киловатчасови и евтина тарифа од 682 киловатчасови ќе има повисока сметка за 70 денари или 2,59 отсто,

Тој напомена дека и покрај претходното намалување на мрежарината за 4,96 отсто, надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат.

-Ако се укине надоместокот од 200 денари, цената за мрежарина која сега е 2,03 денари, ќе биде 2,6 денари, односно ќе се зголеми за 28 проценти. како резултат на тоа, ако се укине надоместокот од 200 денари, првиот блок ќе се зголеми за дополнителни 8,46 отсто, вториот блок за 7,19 проценти, третиот за 5,77 отсто., четвртиот за 2,69 и евтината тарифа за 13,51 процент. Со оглед на овие податоци, РКЕ црвсто останува на ставот дека надоместокот од 200 денари нема поптреба да биде укинат, објасни Бислимовски.

Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96 отсто, додека РКЕ одлучи да се корегира за 2,50 проценти.

Фото: Архива