Власта на (Христијан) Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството, се наведува во соопштението од СДСМ, за судството и обвинителството, кои во време на нивниот лидер Зоран Заев беа „реформирани“ и, како што Заев тогаш изјавуваше, „отворени како пупка“.

Во продолжение го пренесуваме интегрално соопштението на СДСМ:

Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните.

Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа.

Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која  бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали сега на сите им е јасно што се случува?

Исто како во времето на Груевски.

Нема да ви помине!

Сите ќе одговарате!

Работата не е завршена!

Фото: Архива