Од 21:00 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Претходно, оттаму информираа и дека е нормализиран сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“, кој поради свлечиште беше во прекин.
Нормализиран е и сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“, кој поради свлечиште беше во прекин.