Инвестиција во инфраструктурата е стратешка инвестиција во иднината, во долгорочниот економски развој, инвестиција кон зголемен животен стандард за секој граѓанин. Со гордост сакам да ви соопштам дека парламентарното мнозинство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја поддржи Владата во исполнувањето на овие цели, конечно по 10 години.
Ова денеска го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, на прес-конференцијата од која објавуваме интегрален текст:

Ова е чекор кон создавање на нови работни места, стимлуирање на градежната и индустриската активност, зголемена продуктивност и конкурентност, поголема извозна способност, а со тоа и зголемени приходи како за стопанството, така и за државниот буџет.
Во изминатиот период, сведоци сме на јасна определба за модернизација на транспортната и економската инфраструктура, со фокус на железницата, патиштата, логистиката и енергетската ефикасност.
Нашата заложба како пратеници е јасна: да ги поддржиме проекти кои ќе донесат реална економска вредност, кои ја подобруваат конкурентноста на македонската економија и кои обезбедуваат подобар квалитет на живот за граѓаните – не само денес, туку и во годините што доаѓаат. Заеднички да изградиме посилна економија, посигурна држава и поодржлива иднина.“




