Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека новата стратегија за национална безбедност на САД е „документ за развод“ со Европа.
Ако ги примениме вообичаените критериуми за политичка рационалност, можеме да кажеме дека новата стратегија за национална безбедност на САД е документ за развод“, изјави Писториус, истакнувајќи дека стратегијата на САД „може делумно да се чита и како анализа на ситуацијата“.
Експлицитната критика кон европските демократии, миграцијата и економските политики не беше ништо ново или неочекувано во оваа стратегија. Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс веќе даде слични изјави на Минхенската безбедносна конференција.
Писториус додаде дека оттогаш, тонот на американската влада стана „поостар“, нагласувајќи дека одамна е јасно дека САД ќе обрнат поголемо внимание на Индо-пацифичкиот регион во иднина.
Во иднина, Европејците ќе мора да се потпираат многу повеќе на себе. Губењето на Европа би била фатална грешка за Соединетите Американски Држави во однос на безбедноста и надворешната политика. Но, мора да ја сфатиме сериозно оваа стратегија за национална безбедност, барем затоа што влијае на постапките на другите земји низ целиот свет“, заклучи германскиот министер.




