ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре. Целиот план е осмислен пред две недели, кога власта сфати дека ја губи поддршката на граѓаните по сознанијата за мигранти за пари и по отворањето на криминално-корупциските афери на највисоките функционери на ВМРО од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ, се вели во соопштението од СДСМ што го пренесуваме интегрално.

Активностите на СДСМ ги принудија предвреме да го активираат овој план. ВМРО мислеше дека ќе нè ослабат и ќе нè замолчат, ама се излажаа. Првиот обид за дестабилизација беше целосно разоткриен и пропадна. Сега сме посилни.

Јован Деспотовски вчера не се ни обиде да ја демантира соработката со ВМРО, ниту пак координираните текстови со Героски туку објасни дека бил „умерен“ во предавството.

Сега на сите им е јасно кој внесуваше немир во нашите редови – ВМРО, и на сите им е јасно дека обидите за уривање на СДСМ ќе бидат спречени.

СДСМ секогаш била и сè уште е партија со дијалог во рамки на партијата, по тоа сме препознатливи, но нема да дозволиме сценарија на ВМРО за делење и уривање на СДСМ одвнатре.

Нема да нè замолчите. Нема да престанеме со објавувањето на криминалот и корупцијата.

Сите ќе одговарате!

Работата не е завршена.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: архива