Министерката за образование Весна Јаневска најави дека во Македонија ќе постои Ѕид на срамот, за изработени дипломски и магистерски трудови.
-Бидејќи се зборува дека на факултети поминуваат трудови напишани во стил на ученички пишувања, ќе ги објавуваме сите јавно. Мене ќе ми биде срам да ставам потпис на нешто што не вреди. Сите ќе бидат изложени на ѕидот на срамот, па сите што препишувале ќе бидат откриени, рече министерката на брифинг со новинарите.
До сега постоеше слична платформа Плагијати.мк но сега ќе биде тоа издигнато на повисоко ниво.
Целта е да се стави крај на студенти кои купуваат дипломски и магистерски трудови, ги препишуваат или ги креираат со помош на вештачка интелигенција.




