Интересно како СДС веднаш се фатија за јадицата и за сумата колку чини визата Дубаи на Венко Филипче намесникот на Зоран Заев.

Од искуство изгледа знаат колку точно чини и дали се долари или евра, па веднаш тоа ги погоди.

Но не одговорија како Венко успеа со докторска плата да ја купи златната виза за Дубаи и дали истата е врзана со инвестициите во градежништвото и 42-катницата, за која има и  сведоштво на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски.

Исто како што не одговорија дали по дубајско време како Заев и Венко ќе слават Нова година, се фатија само за парите.

А кога сме кај Харис Џиновиќ им порачуваме да не се резилат,  постои и видео материјал па да ги потсетиме како Венко Филипче радосно го снима Зоран Заев како се весели со Харис во Дубаи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ