Новогодишната ноќ поминала главно мирно, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во изјава за медиумите за време на работна посета на Полициската станица Центар (Беко), иформираше дека се случиле два сериозни инциденти – убиство на турски државјанин со нож во скопската чаршија и случај на тешко повредено двегодишно дете, од засега непознат начин, кое е во животозагрозувачка состојба во Клиничките центар.

-Седум лица се повредени од употреба на пиротехнички средства, а едно лице се самоповредило со ловна пушка на територија на СВР Битола. Во целокупниот период во текот на вчерашниот ден регистрирани се 31 кривично дело и 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди. Приведени се вкупно 49 лица по разни основи, најмногу во врска со нелегална трговија со дрога и нарушен јавен ред и мир, рече Тошковски.

Безбедносната состојба на триторијата на целата држава, рече тој, беше стабилна, и за таа цел имаше засилено присуство на полицијата на терен и беа преземени координирани насочени мерки за одржување н поволна безбедносна состојба.

Убиство во Старата чаршија за време на новогодишната ноќ, МВР со детали

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во крвав инцидент што се случи во првите часови од Новата година во Старата скопска чаршија.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јануари 2026 година во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при што биле употребени остри предмети.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што со повреди од остар предмет биле пронајдени две лица – А.М.Д. (22) и Ч.Е. (23), двајцата државјани на Турција. Кај А.М.Д., во 01:30 часот, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека второто повредено лице било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување медицинска помош.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството.