Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“. Пријавата за сообраќајната незгода ја примил дежурниот центар Е-112 Охрид.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката.

За настанот веднаш биле известени полициските службеници од ПС Ростуше, кои излегле на лице место заедно со командирот на станицата. Интервенција вршат и екипи од Територијалната противпожарна единица – Гостивар со две возила и четворица пожарникари, како и Итната медицинска помош од Ростуше.

Засега нема информации за повредени лица.