Типично бегање од одговорност, кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет нормално е дека ќе бараат начин како да избегнат соочување или размена на аргументите и фактите. Што повторно ќе укажам, мислам дека тоа е погрешна стратегија, истакна пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во вчерашното гостување во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс посочувајќи на одлуката на опозициската СДС за изолација, по повод одржувањето на вчерашната лидерска средба иницирана од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Јаревски укажа на отворениот простор за дискусија кој го оставија премиерот Мицкоски и Владата, за сите прашања и сите теми, без однапред утврден дневен ред за лидерската средба, воедно потсетувајќи и на принципиелните и конзистентни ставови на ВМРО-ДПМНЕ по однос на земањето предвид на сите можни мислења и предлог решенија кои би креирале подобра иднина за државата.
„Ете и денес се потврди уште еднаш, вие со сила на човек можете да земете не можете да дадете, просторот за дискусии стои, беа поканети сите лидери и претставници на политички партии коишто имаат пратенички групи во рамките на Собранието, верувам дека секоја таква средба може да донесе само позитивен исход“ и додаде:
„Не станува збор само за државнички одлуки станува збор за одговорен или неодговорен пристап кон раководењето и учеството во раководењето на државата. Не се само критичните моменти каде што треба да имаме општ консензус за работите. Секогаш треба да се има инклузивен пристап и инклузивен процес во однос на размислувањата“, потенцираше Јаревски.
Притоа Јаревски осврнувајќи се на опозициската СДС и нивната изолираност од политичкиот дијалог на актуелната лидерска средба, посочи дека истата е доказ за нивниот неодговорен пристап и деструктивност изразена преку избегнување од соочување со дискусии, разговори и аргументи.
„За жал оваа опозиција продолжува со нивниот неодговорен однос, тие дејствуваат во некоја зона којашто веќе е многу тенка линијата со реалноста, тоа го докажаа и во расправите претходно на пленарните седници, избегнуваат расправи многу често и во рамките на Комисиите, ретко ги гледаме и во дебатните емисии или се поретко се појавуваат и се надевам дека тоа не е некоја нивна политика или нивна стратегија бидејќи тоа не води кон ништо“, заврши Јаревски.




