Германскиот извидувачки тим го напушти Гренланд. Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците за ненадејното заминување биле информирани дури утрово.

Голем број сојузници на НАТО објавија дека испраќаат војници во Гренланд. Целта беше да се учествува во воена вежба под данско водство, која требало да трае подолг период.

Германците го напуштија Гренланд помалку од 24 часа откако Трамп ѝ соопшти на Германија, меѓу другите, дека ќе воведе царини од 10, а потоа и од 25 проценти.




